НОВОСТИ
Кристина ќе снима во Лос Анџелес, Малибу, Загреб и Белград
(4 февруари, 2010)
Мајкл Ли Џексон, Теди Кембел, Хасенко Хоура, Горан Бреговиќ и Кокан Димушевски ќе работат на третиот албум на Кристина.
Албумот е во фаза на демо снимки, а ќе се работи на различни делови од светот.
Тимот што работи на ова ЦД го сочинуваат: Мајкл Ли Џексон, има работено на последните три албуми на Иан Гилан од Дип Парпл и Теди Кембел, тапанарот на Стиви Вондер, Бритни Спирс, Селин Дион, Род Стјурад, Витни Хјустон, како и познати балкански музичари.
Албумот ќе се снима на македонски, англиски, српски и хрватски јазик, и ќе биде наменет за домашниот, балканскиот и светскиот пазар.
Летна LIVE турнеја на Кристина Арнаудова
(4 септември, 2009)
Во тек е LIVE турнејата на Кристина Арнаудова низ Македонија, која во текот на летово, односно до крај на септември, опфати 10-тина градови низ државата.
По настапите во Охрид, Куманово и Богданци, следуваат настапи во Кавадарци, Клуб Лајт, повод тиквешки гроздобер (06.09) и Радовиш, повод ден на независност (08.09).
На 10.09 Кристина е во Штип со целовечерен концерт.
Кристина со концерт
(6 јуни, 2009)
Кристина Арнаудова се подготвува за голем концерт кој ќе се случи на есен во Скопје. Локацијата и сценариото се' уште се држат во тајност, но по успехот со албумот „2007“ и долгогодишното искуство со настапите во живо, Кристина е подготвена да понуди вистински квалитетен спектакл за својата публика.
Извесно е дека Кристина ќе ги изненади своите фанови и со ново аудио издание кое исто така ќе се промовира на есен.
„Не ме оставај“ на прво место на MTV Pure Adria Chart
(1 март, 2009)
Последното видео од албумот „2007“, „Не ме оставај“ на прво место на MTV Pure Adria Chart.
Синглов се наоѓа на 12 место и на официјалниот MTV Adria Top 20, како единствен претставник на балканската музика во моментов.
„Не ме оставај“ на две топ листи на МТВ Адриа
(26 јануари, 2009)
„Не ме оставај“ на две листи на МТВ Адриа: Pure Adria Chart и официјалната MTV Adria Top 20.
За видеово можете да гласате на официјалниот сајт на МТВ Адриа - www.mtvadria.com
„Не ме оставај“ на МТВ Адриа
(9 декември, 2008)
Кристина сними спот за песната „Не ме оставај“. Видеото имаше официјална промоција на музичкиот сателитски канал МТВ Адриа.
„Снимањето на сцените личеше повеќе на филм отколку на спот, а целата атмосфера потсетува на филмска приказна. Презадоволна сум, и лично сметам дека ова е еден од моите најдобри спотови, ако не и најдобриот“.
Видео-спот за „Не ме оставај“
(23 октомври, 2008)
За десетина дена треба да влезе во изработка видео-записот за песната „Не ме оставај“ од новиот албум на Кристина „2007“.
Режисер на спотот ќе биде Благоја Неделковски, автор на повеќето видеа за групата Суперхикс.
ДВД со видео-спотови
(16 август, 2008)
Во подготовка е ДВД издание на сите видео-спотови што Кристина ги сними од почетокот на својата кариера до денес.
Изданието треба да излезе на пазарот во текот на 2009 година.
Видео-спотови за 2 песни од „2007“
(17 мај 2008)
Кристина Арнаудова сними видео за 2 песни од својот најнов проект, албумот „2007“
„Зошто“ и „Голи во срцата“ (премиерно пуштен на реномираната МТВ Адриа).
Видео-записите се потпишани од Александар Ристовски - Принц.
Албум „2007“
(14 февруари, 2008)
Кристина Арнаудова спаѓа во групата музичари што природно се враќаат на сцената само кога вистински имаат што да кажат. Таа е урбана поп - рок девојка и респектабилен женски вокал, пејачка која не позира по секоја цена и многу поретко ја гледаме на ефтино спакувани и неморални насловни страни. На 14 февруари 2008 година во дискотеката „Хард Рок“ таа го обелодени новиот материјал, дванаесет песни со заеднички предзнак „2007“.