Биографија

Кристина Арнаудова е родена на 21 септември 1979 година во Неготино каде што го поминува своето детство. Родена под среќна ѕведа таа се разликува од своите врсници, па наместо да си игра со нив деновите ги минува во пеење, сонувајќи дека еден ден ќе се појави на ТВ.
На три годишна возраст, благодарение на баба и’, кај неа се јавува желба за изучување на францускиот јазик, а љубовта кон читањето и книгите ја добива од нејзиниот дедо од кого го наследува чувството за достоинство и гордост, карактерни црти што стануваат нејзин препознатлив белег.
Позната како палаво, своеглаво дете кое никогаш не им е омилено на учителките, Кристина никогаш нема проблеми со учењето и со оценките.
Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка, каде ја води манифестацијата и пее песнички. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом!
Никогаш, во ниедно интервју не заборава да ја спомне својата мајка, клучна личност во нејзиното воспитување, која ја учи на многу вредности во животот:
со сопствен труд да успее во животот, да ги почитува останатите и себе си и никогаш да не се предава, туку напротив да биде упорна! Средно образование завршува во родното Неготино, во гимназијата Св. Кирил и Методиј - насока Општа гимназија, место во кое ги чува најубавите тинејџерски спомени, првата љубов, дружењата....
Во 1996 година, со 16 години сама се пријавува на фестивалот „Тин Фест“. Резултатот е прво место помеѓу 150 кандидати од цела Македонија. Ја снима својата прва песна која нема поголема медиумска популарност. Основа бенд кој има локални настапи и свири поп-рок, звук по кој станува препознатлива!
Во 1997 година станува дел од рок-бендот Сага со кого снимаат само една песна и тоа претставува нејзин најголем успех дотогаш! Во 1998 година, на покана на Давор Јордановски, станува член на Биг Бен, група со која останува до 2000 година. Со Биг Бен снимаат неколку песни кои добро поминуваат кај публиката!
Во 2000 година започнува соло кариера со песната Сонце, дело на Александар Ристевски - Принц.
Во 2003 година, без ничија продуцентска помош, сосема сама успева да го реализира својот деби-албум Возови, уникатен по многу нешта и едно од најквалитетните изданија во Македонија воопшто.
Нејзиниот последен проект, албумот „2007“ кој излегува во 2008 година е само уште една потврда дека музиката е единствениот живот кој таа го признава и му благодари на Бога што и’ дозволил да биде привилегирана со тоа што таа е нејзина професија.

Поп пејачката Кристина Арнаудова пред промоција на новиот албум, 2007

Вистинската љубов, ако е реално таква, останува сосема иста, без разлика дали е во брак или надвор од него.
Не прави разлика потписот. Само лажните љубови умираат со бракот. Јас сум среќна исполнета сакана личност, која најважно од се', многу сака! Љубовта е давање и примање... Себичноста нема место таму.
повеќе

Spacer-ot Година што никој од нас нема да ја заборави

Кристина Арнаудова сигурно чекори по музичкиот пат зашто е свесна за цврстината на темелите што ги постави во 1996 година. Колекцијата на свои дела - макси-синглот со осум песни издаден во 2001 и албумот „Возови“ промовиран две години подоцна - наскоро ќе ја заокружи со ново цеде. Неговото создавање го опишува како „исклучително долго“ и на моменти не верувала дека воопшто ќе го заврши.
повеќе

Кристина
www.myspace.com/kristinaarnaudovamk